Розмари Џонсон била надежна виолинистка и член на Велшкиот национален опера оркестар кога доживеала страшна сообраќајна несреќа пред 27 години. Како резултат на оштетување на мозокот, 7 месеци била во кома, а потоа ја изгубила способноста да зборувува и да се движи.
Сега, благодарение на напредокот на технологијата и на новиот софтвер кој ги чита мозочните бранови, таа може повторно да компонира музика за прв пат од 1988 година, и има можност да ја слуша изведбата на истата од страна на професионален гудачки квартет.
Софтверот е развиен како дел од 10-годишна програма предводена од Универзитетот во Плимут и работи на тој начин што на пациентот му се поставуваа ЕЕГ капа на главата, којашто ги чита електричните информации од мозокот. Потоа пациентот селектира музички ноти и фрази со својот ум, со тоа што едноставно се фокусира на светла во различна боја на компјутерскиот екран.
Најголемиот успех на оваа техологија е тоа што Розмари всушност може да свири музика без да се движи – таа всушност контролира други музичари да ја свират за неа. „Се’ уште не е возможно да се читаат мислите, но може да се тренираат пациентите да ги користат мозочните бранови за да контролираат одредени работи“, велат истражувачите.
Покрај, Розмари, три други пациенти учествувале во ова истражување и сите успеале да компонираат музика за оркестарот. Целата изведба се случувала во живо, со пациентот кој малку ги изменувал или додавал нотите, а оркестарот свирел во живо.
Заедно, тие го добиле името „Парамузички Ансамбл“ и веќе имаат снимено нешто што го нарекуваат „Активирање на Меморијата“ и ќе го отсвират кон крајот на месецов на Фестивалот за современа музика кој се одржува во Плимут.
Ова е навистина неверојатен проект кој покажува колку многу научниците постигнале во оваа област за да можат да ги читаат мозочните бранови на инвалидизираните лица. Оваа технологија би можела да им помогне на оние кои страдаат од оштетувања на мозокот или на ’рбетниот мозок за да можат повторно да комуницираат, па дури и повторно да се движат.