Резултатите од истражувањето што беа објавени во списанието „Nature“, покажуваат дека ова е прв третман што се покажува ефикасен против новиот вид од ебола вирусот – Макона, кај животни кои биле заразени и покажувале симптоми на ебола.
Во терапијата се користат специфични кратки делови од РНК, познати како „сиРНК“ направени да го таргетираат и онеспособат вирусот на ебола. Предноста на овој пристап е можноста многу брзо да се модифицира за друг вид на вирус.
Терапијата е тестирана на мајмуни заразени со ебола. Иако заразените животни покажувале знаци на болеста во напредна фаза, оние кои примиле терапија покажале поблаги симптоми и комплетно се опоравиле од болеста. Контролната група животни, кои не примиле терапија ѝ подлегнале на болеста во осмиот и деветиот ден, што е слично со пациентите заразени со ебола вирусот.
Овој третман исто така ги штити црниот дроб и бубрезите од оштетувања и ги спречува пореметувањата во крвта што се појавуваат за време на инфекцијата со ебола вирусот.
Резултатите покажуваат дека овој третман може да доведе до значително зголемување на стапката на преживување и ефикасна контрола на вирусот во телото.
Ефектите од трерапијата на Такмира, на база на сиРНК, сега се тестираат на пациентите заразени од ебола во Сиера Леоне.