Масата од еден килограм сега се дефинира преку физички објект што се нарекува меѓународен прототип за килограм (МПК) или „Le Grande K“. Тоа е цилиндер направен од платина и иридиум кој се чува во трезор во Франција.
Постојат и неколку други копии на овој цилиндер низ светот, но килограмот суштински единствено се дефинира според тоа колку тежи овој цилиндар. Тоа е и единствената единица во Интернационалниот систем на мерни еденици (SI) која сѐ уште се дефинира преку физички објект.
Од научна гледна точка ова е необично. Бидејќи, колку добро и да се чува МПК предметот е подложен на губење или добивање на тежина со текот на времето. Дури и денеска МПК и останатите копии по малку се разликуваат во тежината.
Бидејќи многу од научните претпоставки се засновани на масата на килограмот, а со оглед на тоа дека останатите шест интернационални единици се матеметички константи, дефинирањето на константна маса е многу важно. Покрај тоа, одредувањето на масата би требало да можат да го направат сите, а не само тие што имаат пристап до МПК. Затоа, научниците последниве две децении се обидуваат да го заменат металниот цилиндер со математичка дефиниција.
Но, ова е многу тешка задача. И покрај тоа што експериментите што би можеле да ја воспостават масата од еден килограм се дефинирани во 1970 година, дури последнава година, две различни методи успеале да постигнат резултати што се доволно слични за да го заменат МПК.
Во основа, за да го дефинираат килограмот без МПК, научниците треба да ја знаат Планковата константа која ја поврзува енергијата на честичките со нивата фреквенција, што е исклучително тешко да се измери.
Еден тим од научници, предводен од Јоаким Урлих, претседател на Германскот национален метролошки институт, успеале ова да го постигнат со тоа што направиле две совршени силициумови сфери, од кои секоја тежи точно колку и еден килограм, а потоа ги преброиле сите поединечни атоми во нив.
Друг тим, извшил мерење со помош на инструмент со кој се одредува Плаковата константа преку мерење на тежината на тест објектот, наспроти електромагнетната сила. Резултатите биле споредени и според извештајот објавен во списанието „Nature“, се покажало дека двата тима успеале независно да ја дефинираат Планковата константа до 12 делови од милијарда.
Сепак, сѐ уште не е сѐ завршено. Тимовите треба да ги објават дополнителните податоци до 1-ви јули 2017 година, пред да биде Планковата константа фиксирана.