Континуираната ненаспаност води кон смрт

Научниците од Универзитетот во Аризона ја идентификувале врската помеѓу оние кои страдаат од постојана несоница и зголемениот ризик за смрт.

Научниците ги истражувале податоците од 1.409 учесници во епидемиолошкото истражување на опструктивните болести на дишните патишта од Тускон, кое започнало во 1972 година, продолжило со повеќе последователни анкети до 1996 година и постојано следење на стапката на смртност до 2011 година, одосно вкупно траело 38 години. Во анкетите помеѓу 1984 и 1985 година, и помеѓу 1990 и 1992 година биле вметнати прашања за несоница и според тоа се одредувало колку е таа постојана.

Научниците, по адаптирањето на различните фактори како возраста, полот, телесната тежина, пушењето, хипнотиците и физичката активност, откриле дека оние лица кои имале постојана несоница имаат 58% поголеми шанси за смрт (кардиоваскуларна). Истражувањето исто така покажало дека серумските нивоа на Ц-реактивниот протеин (CRP), кој претставува независен ризик фактор за смртност, биле повисоки кај субјектите со постојана несоница.

Истражувањето е објавено во „The American Journal of Medicine“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt