Нови самостојни верзии повеќе нема да има, но „Windows 10“ ќе биде редовно надградуван и подобруван. Ова се должи на промената на начинот на кој компанијата го произведува софтверот.
Тоа не значи дека „Windows“ повеќе нема да постои, туку едноставно повеќе нема да биде именуван како посебна верзија. Новите надградувања може да имаат некој код или име, но на повеќето корисници ќе им биде едноставно познат како „Windows“.
„Windows“ ќе продолжи како услуга која донесува иновации и ажурирања во тековниот начин“, вели Никсон, додавајќи дека „Windows“ го очекува долга иднина. Компанијата допрва треба да одлучи како ќе го нарече оперативниот систем по „Windows 10“, но нема да биде „Windows 11“. Од компанијата изјавуваат дека, кога се работи за „Windows 10“, намерно избрале да не го искористат името „Windows 9“ за на некој начин да означат пауза од минатите последователни оперативни системи. Така, го одбрале името „Windows 10“ и морале да потрошат огромна сума пари на маркетинг, за да ги убедат луѓето дека им е потребна оваа нова верзија и дека е подобра од се што постоело пред неа. За време на претставувањето на „Windows 10“, на 21 јануари 2015 година, „Microsoft“ ги претстави и „HoloLens“.
Генерално ова е позитивен чекор, но постои и голем ризик, вели Стив Клејнханс, заменик претседател на аналитичката фирма „Gartner“ која ја надгледува „Microsoft“.
„Microsoft“ ќе мора напорно да работи за да го надградува оперативниот систем и да нуди нови опции, а прашањето како клиентите ќе се прилагодат на промените се’ уште останува отворено“.
„Ова не значи дека „Windows“ е замрзнат и дека никогаш нема да продложи да се движи напред. Напротив, ќе го видиме спротивното“, ијави тој за „BBC“.