Креиран првиот 3Д принтан млазен мотор


Научниците започнале да работат со постар мотор кој го расклопиле за да ги скенираат сите поединечни делови. Со помош на компјутерскиот модел добиен од скенирањата, научниците искористиле ласер за селективно да стопат метална легура и да создадат по две копии од секој дел во последователни слоеви. Кога тие делови ги споиле, добиле две метални копии на оргиналниот мотор.

За овој проект била потребна една година, и биле вклучени парични средства од повеќе групи, меѓу кои и Австралискиот совет за истражување. Тоа резултирало со зголемен интерес од страна на разни компании кои сакале да користат 3Д печатење, со тоа што деловите за кои претходно биле потребни месеци за да се дизајнираат и произведат, сега би биле готови за неколку недели.

Следниот чекор ќе биде финиширањето на деловите, а тестирањето на 3Д принтаниот мотор се очекува да се случи за неколку години.

Погледнете ја и нашата статија : 3Д принтер за 100 денари се надеваме дека ќе ви се допадне


ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt