Кругот на насилство врз децата

Распространетоста на насилството се поврзува со неговата циклична природа – односно тенденцијата злоупотребените деца да станат родители кои потоа ги злоупотребуваат своите деца. Меѓутоа, едно неодамнешно истражување, објавено во „Science“, открива дека овој циклус можеби и не е толку фиксен и непроменлив како што се сметаше.

При истражувањето, научниците интервјирале стотици жртви на насилство, почнувајќи од 1989 година и следејќи ги периодично се додека повеќето од нив не станале родители. Тие откриле дека жртвите на насилство во детството, не ги злоупотребувале физички своите деца, што всушност претставува изненадување спротивно на многу претходни истражувања. Меѓутоа, имало поголема веројатност за нивно занемарување или сексуално злоупотребување.

Негативните последици од злоупотребата на децата се многу поголеми од самиот круг на насилство. Жртвите имаат поголема веројатност за злоупотреба на одредени супстанци, како и ментални здравствени проблеми (на пример пострауматски синдром). Во некои случаи, емоционалната злоупотреба може да биде подеднакво штетна како и физичката.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt