Крвта од комодоскиот гуштер можеби ќе помогне да се победи антибиотската отпорност

Научниците откриле дека крвта од комодскиот гуштер содржи протеински фрагменти кои му помагаат да се одбрани од токсичните бактерии, што би можело да се искористи да се развијат нови лекои за борба против антибиотската резистенција.

Комодскиот варан (Varanus komodoensis) е најголемиот гуштер во светот, кој може да достигне должина од 3 метри и тежина преку 70 килограми. Живее на пет мали острови во Индонезија. Неговата големина и острите заби му овозможуваат да лови големи животни, како водени биволи.

Покрај тоа, истражувањата покажале дека устата на овој гуштер содржи до 57 видови опасни бактериии не е доволно јасно од каде тие доаѓаат. Во поново време научниците сугерираат дека тие потекнуваат од загадените извори од кои овие гуштери пијат вода.

Сега научниците откриле како комодоските гуштери станале отпорни на овие смртоносни микроорганизми од нивната уста.

Научниците од Унверзитетот Мејсон направиле анализа на крвта од овие гуштери со цел да откријат дали содржи т.н. катјонски антимикробни пептиди (КАМП)

Овие протеински фргменти ги продуцираат речиси сите живи суштества и функционираат како суштински дел од нашиот имунолошки систем. Истиот тим во 2015 година открил вакви пептиди во крвта на алигатори.

Со лабораториска техника што ја развиле, тие со помош на негативно наелектризирани наночестички од хидрогел ги откриле пептидите во примерок од крвта, а со последователните анализи идентификувале 48 потенцијални  „КАМП“. 47 од нив биле деривати на хистонските протеини, за кои е познато дека имаат антибактериски својства.

Истражувачите синтетизирале осум од овие пептиди и ги тестирале на две, особено опасни „супрбактерии“- „Pseudomonas aeruginosa“ и  „Staphylococcus aureus“, познат и како  МРСА.

Од тие осум синтетизиани пептиди, седум ефикасно ги уништиле двете бактерии во лабораториските култури, додека едниот бил ефикасен само против „P. Aeruginosa“.

Иако е сѐ уште рано, истражувачите се надеваат дека натамошните проучувања на овие пептиди ќе доведат до нови антибиотици за борба против смртоносните супербактерии, како и дека ќе помогнат да се утврди на кој начин овие полипептиди се толку ефикасни против оваа многу реална закана.

„Следните напори ќе бидат фокусирани да се утврди дали пептидите редовно се продуцираат или кога ќе дојде до  детекција на патогени, како и дали овој феномен е карактеристичен само за комодорскиот гуштер или се јавува и кај другите видови, вклучувајќи го и човекот“ – се вели во извештајот на истражувачите.

 

Поддржете ја нашата работа: