Крвта од папочната врвца го регенерирала мозокот кај глувци

Меморијата и способноста за учење е подобрена кај постарите глувци со инјектирање на крв од папочна врвца.

Врз основа на наодите објавени во списанието Nature, научниците сугерираат дека својствата од оваа наведена крв можат еден ден да користат за забавување на невролошката дегенерација кај постарите луѓе. Овие резултати мора уште еднаш да се повторат и кај луѓе, за подобра потврда. Сепак, откритието е интересно и со голем потенцијал.

З потребите на истражувањето била собрана крв од различни возрасни групи – крв од папочна врвца, крв од млади лица на 19-24 годишна возраст, и од стари лица на 61-82 годишна возраст. Тимот од научници од универзитетот Стенфорд, ја вбризгувале плазмата од наведените примероци на крв во глувци кои имале еквивалентна возраст со лицата над 50 години.

Резултатите биле импресивни. Глувците кои добиле плазма од крв од папочна врвца биле поуспешни од другите во тестовите на однесување, нивната меморија, исто така била подобрена (подобро од сите се сеќавале на тоа што се случувало надвор од лавиринтот) и на крај, повторно почнале да градат гнезда – тоа е вештина која што постарите глувци имаат тенденција да ја губат со текот на стареењето. На клеточно ниво, забележана е зголемена активност во хипокампусот – дел од мозокот одговорен за учење и меморија.

Нешто помалку импресивни резултати имала групата на глувци која добила крвна плазма од лица на возраст од 19-24 години, но немало подобрување кај оние третирани со крвта на постари лица. Антиоксидативната тајна состојка е протеинот наречен TIMP2, кој истражувачите го пронашле во абнормално високо ниво во крв од папочна врвца. Претходните студии покажаа докази дека протеинот наречен GDF-11 може да имаат сличен ефект.

Проблемот сепак лежи во тоа што научниците сеуште не се сигурни како некој од овие протеини може да делува против ефектите на стареење.

Сепак, доаѓаат дури и скептични пораки од другите универзитети кои не биле вклучени во истражувањето. Еден од сомнежите е оној кој упатувал на истражувањето на Алцхајмеровата болест, – речиси се работи на животни, а за сега ништо не е направено за луѓето. Одговорите можеби нема да треба да ги чекаме долго, бидејќи нови истражувања веќе се во тек.

Поддржете ја нашата работа: