Квантен компас како замена за GPS

Современите системи за навигација, како што се GPS или GLONASS, се потпираат на сателитски сигнали и се доволно прецизни за повеќето намени во кои што се користат, но се подложни на грешки (слаб сигнал) или “хакирање” односно блокирање на сигнали.

Затоа, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон прават проект за дизајн на систем за навигација кој не бара никакви надворешни сигнали туку се потпира на самиот себе – и дошле до решение во форма на квантен систем за навигација.

Нивниот склоп на квантен компас користи внатрешен квантен акцелерометар. Тој е способен исклучително точно да ја измери брзината и правецот на движење на целиот склоп во последно време, а покрај тоа и податоците за почетната локација лесно се пресметуваат како и новата позиција.

Она што овој склоп се одвојува од обичните акцелерометри, какви што денес се наоѓаат во секој мобилен или фитнес тракер е фактот дека може да одржува точност во текот на подолго време.

Ова се постигнува со мерење на состојбата на атомите при многу ниски температури, а квантната механика овозможува точно мерење на движењето на таквите атоми. Од таму, е креиран и квантен интерферометер, чиишто читања, по ласерски пат, може да ја одредат насоката и брзината на движење на целиот “компас”.

Ваквата сложена целина е претставена на изложбата The National Quantum Technologies Showcase во Лондон, која всушност е преносен уред, но сепак со поголеми димензии. Заради тоа е применет за користење на бродови, подморници и возови.

Во основната верзија, овој квантен компас го мери забрзувањето и движењето на една оска, но наскоро треба да ги мери сите три оски, како и нивните ротации – што би го направило целосно независен систем за навигација во сите правци.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.