Тим од научници и хирурзи од Општата болница во Масачусетс, направиле еден чекор понапред во таа насока. Тие успеале, во лабораторија, да израснат полу-функционален преден екстремитет од стаорец, со помош на техниката што и порано се користеше за градење на био-вештачки органи. Ако се усоврши, оваа техника еден ден може да служи за создавање на човечки екстремитети погодни за трансплантација.
Научнците не го израснале екстремитетот од нула. Неопходниот скелет, на кој ќе се вкоренат и ќе се размножуваат новите клетки, е земен од стаорец –донор. Истата техника се користи за регенерација на бубрези, бели дробиви и црн дроб во лабораториски услови. Сепак, екстремитетите се малку посложени, бидејќи за разлика од другите органи, тука се потребни повеќе различни клетки.
Најнапред, со специјален детергент, научниците ги отстраниле сите живи клетки, освен колагенот кој им ја дава формата на крвните садови, мускулите и на тетивите (замислете да сте ги отстраниле сите делови од куќата, а да остане само основната конструкција). Потоа, вметнале прогениторни клетки од крвни садови и мускули, од друг стаорец. Во иднина, овие клетки би се земале од екстремитетот на самиот примател, така што новиот екстремитет би бил биолошки компатибилен со приматалот.
За да се поттикне растот, екстремитетот бил ставен во биореактор, кој го снабдувал со потребните хранливи материи, кислород и електрични стимулации. За да заврши растот на екстремитетот биле потребни 2 до 3 недели, по што бил подготвен за тестирање. Кога научниците направиле електрична стимулација на екстремитетот, шепата се стегала и отпуштала, што било показател дека мускулите функционираат. Кога бил прикачен на стаорецот, крвта нормално протекувала низ крвните садови на екстремитетот.
На околу 70 илјади лица ширум светот, им е извршена трансплантација на дланки, со позитивен исход. Но, овие пациентите се приморани доживотно да користат имуносупресивна терапија за да се спречи отфрлањето на екстремитетот. Во овој случај таквиот ризик е исклучително мал, бидејќи новоизраснатите клетки се од самиот пациент.
Следниот предизвик за научниците е да го осигураат растот на нервите во био-вештачкиот екстремитет, кој се случува кај трансплантацијата на дланките, но нејасно е дали тоа ќе се случи и кај био-вештачкиот екстремитет.
Научниците велат дека ќе биде потребно барем уште една деценија пред да може овие екстремитети да се тестираат на луѓе.
Овој труд беше објавен во списаниети „Biomaterials“.