Според податоците од Светската Здравствена Организација(СЗО),околу 235 милиони луѓе ширум светот страдаат од астма,хронична болест која се манифестира со воспаление и стеснување на дишните патишта,со што се спречува пристапот на воздух до белите дробови.Ова е честа болест кај децата.
Инхалаторите кои содржат стероиди се првиот избор за третман на астма и кај возрасните и кај децата,
Тоа се и најефикасните лекови за контрола на астмата,кои со редукција на бројот на тешките астматични напади и честите болнички посети им го подобруваат и квалитетот на животот на пациентите.
Сепак нивниот потенцијален ефект врз растот на децата,претставува фактор за загриженост и кај докторите и кај родителите.
Здравствените експерти кои ги објавија овие наоди воThe Cochrane Library journal,открија дека децата со ваков третман покажуваат успорен раст во првата година од третманот.Сепак ефектот може да се минимизира со намалување на дозата.
Наодите укажуваат дека децата кои секојдневно користат инхалатор со кортикостероиди
покажуваат отприлика половина сентиметар помал раст во текот на првата година од третманот.Но ефектот е помаку изразен во наредните година ,не е кумулативен и се чини минорен во однос на ефектите што лекот ги има врз контролата на астматичните напади.
Во првата од двете студии на кои се фокусирале експертите,опфаќа 25 истражувања кои вклучуваале 8.471 дете до осумнаесет годишна возраст со блага до умерена форма на перзистентна астма.Тестирани се скоро сите достапни инхалаторни кортикостероиди.Наодите од 14 од тие истражувања покажале дека децата од контролната група пораснале во просек од 6 до 9 сантиметри во првата година,а децата третирани со инхалаторни стероиди за астма,за 0,5 сантиметри помалку.
Во втората студија опфатени се 22 истражувања во кои децата се третирани со ниска или средна доза на инхалатоторни стероиди.Резултатите покажале дека со редукција на дозата за една инхалација дневно, растот се зголемува за околу ¼ сантиметар.
Со ова се потврдија сомневањата дека инхалаторните стероиди го намалуваат растот кај децата,но сепак тие се минорни и секако прифатливи за многумина со оглед на алтернативата-лошата контрола на астмата која може да е потенцијално опасна и по животот-вели Jon Ayres професор по респираторна медицина на Britain`s Birmingham University.