Лековите за астма го успоруваат растот кај децата

Според податоците од Светската Здравствена Организација (СЗО), околу 235 милиони луѓе ширум светот страдаат од астма,х ронична болест која се манифестира со воспаление и стеснување на дишните патишта, со што се спречува пристапот на воздух до белите дробови. Ова е честа болест кај децата.

Инхалаторите кои содржат стероиди се првиот избор за  третман на астма и кај возрасните и кај децата.

Тоа се и најефикасните лекови за контрола на астмата, кои со редукција на бројот на тешките астматични напади и честите болнички посети им го подобруваат и квалитетот на животот на пациентите.

Сепак, нивниот потенцијален ефект врз растот на децата, претставува фактор за загриженост и кај докторите и кај родителите.

Здравствените експерти кои ги објавија овие наоди во весникот „The Cochrane Library“, открија дека децата со ваков третман покажуваат успорен раст во првата година од третманот. Сепак ефектот може да се минимизира со намалување на дозата.

Наодите укажуваат дека децата кои секојдневно користат инхалатор со кортикостероиди покажуваат отприлика половина сантиметар помал раст во текот на првата година од третманот. Но ефектот е помалку изразен во наредните години и се чини многу мал во однос на ефектите што лекот ги има врз контролата на астматичните напади.

Во првата од двете студии, на кои се фокусирале експертите, опфатени се 25 истражувања кои вклучувале 8.471 дете до осумнаесет-годишна возраст со блага до умерена форма на перзистентна астма.Тестирани се скоро сите достапни инхалаторни кортикостероиди. Наодите од 14 од тие истражувања покажале дека децата  од контролната група пораснале во просек од 6 до 9 сантиметри во првата година, а децата третирани со инхалаторни стероиди за астма, за 0,5 сантиметри помалку.

Во втората студија, опфатени се 22 истражувања во кои децата се третирани со ниска или средна доза на инхалатоторни стероиди. Резултатите покажале дека со редукција на дозата за една инхалација дневно, растот се зголемува за околу ¼ сантиметар.

Со ова се потврдиле сомневањата дека инхалаторните стероиди го намалуваат растот кај децата, но сепак тие се минијатурни и секако прифатливи за многумина со оглед  на алтернативата, односно лошата контрола на астмата која може да е потенцијално опасна и по животот-вели Џон Ејрес, професор по респираторна медицина на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt