Лемурите се најзагрозените примати на Земјата

25% од светската популација на лемури се на работ на изумирање, што ги прави најзагрозен вид на примати на Земјата, велат од Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Лемурите кои се симпатични примати со издолжена муцка и големи очи единствено живеат на Мадагаскар, а се загрозени поради сечење на шумите, ширење на земјоделско земјиште ловот и рударството.

“Ова е, без сомнение, највисокиот процент на закана за секоја голема група на цицачи и секоја група на ‘рбетници”, вели Рас Митермеиер од IUCN.

Од вкупно 111 видови и подвидови на лемури, 105 биле загрозени – велат од асоцијацијата.

“Трендот кој намногу ги загрижува е порастот на лов на лемури, вклучувајќи го и комерцијалниот лов. Степенот е премногу висок.” – вели директорот на конзерваторскиот оддел на британското зоолошко друштво Кристоф Швицер.

“Лемурите за Мадагаскар се она што се големите панди за Кина – “златни кокошки” кои ги привлекуваат туристите и љубителите на природата” – истакнува Џона Рацимбазафи од друштвото за заштита на животните во Мадагаскар GERP.

Мадагаскар е една од најпознатите држави во светот по биоразновидност.

На крајот од својата изјава, IUCN истакнува дека започнува голем акционен план за заштита и опстанок на лемурот.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.