Лепак од јазикот на жабите

Томас Клајнтајх од Универзитетот „Кил“ во Германија сакал да дознае колку е леплив јазикот на жабите во споредба со гуштерите. Дизајнирал експеримент со хорн- жаби, популарно животно во Германија. Жабите се сместени во терариум со стакло чувствително на допир. Од другата страна на стаклото се ставени штурци. Тимот ја мерел јачината со која жабите се обидуваат да ги дофатат штурците.

Жабата вложува напор да го оддели јазикот од стаклото, што е показател за цврстината на лепилото. Силата со која тие се прилепуваат е многу поголема од нивната тежина. Неочекуван наод е дека слузот од врвот на нивните јазици не е толку важен како што се претпоставува.

Јазиците на жабите се многу динамични, од 10-20 милисекунди. Со оглед на тоа дека нивната исхрана вклучува низа разни инсекти и птици, тоа значи дека имаат флексибилни јазици кои се лепат на различни површини.

Следните чекори се изучување на структурата на јазиците и механизмите на кои функционираат.

Студијата на Клајнтајх e објавена во „Scientific Reports“

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt