Археолози во близина на селото Кентри на Крит, случајно пронашле гробница од минојскиот период кој е стар повеќе од 3000 години.
Во внатрешноста на гробницата се наоѓаат добро сочувани посмртни остатоци на двајца мажи, како и голем број на садови, за кои се верува дека се дел од погребниот ритуал.
Intact late Minoan tomb found in #Crete #Greece #Archeology https://t.co/fxVSMa9ySJ
— Kostas Andrikopoulos (@ExCEO_) August 25, 2018
“При првичниот преглед на керамичките садови кои ги пронашле во гробницата, научниците успеале да го одредат периодот кога истите биле во употреба, и се верува дека гробницата е од бронзеното време кое датира од 1400 и 1600 година пр.н.е.” вели министерот за култура на Крит.
Гробницата е откриена сосема случајно при итно ископување на друг гроб во близина на селото Кентри.
Минојската цивилизација, за чие време настанала и оваа гробница, го населувала Крит пред повеќе од 5000 години, а на овој остров стигнале од грчкото копно. Се верува дека како Помпеја, така и Крит во времето на минојската цивилизација бил исто уништен и сосема затрупан поради катастрофални вулкански ерупции.
Влезот на гробницата кој се наоѓа на длабочина од две и пол метри, направен е во вид на тунел, и бил запечатен со глина. Во внатрешноста на гробницата може да се види дека е поделена на три дела.
По откривањето, локалното население повикало археолози за да го истражат новото археолошко наоѓалиште.