Лозинките наскоро ќе заминат во историјата

Американската агенција DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency), одговорна за создавање на интернетот, финансиски подржува неколку истражувачки проекти со цел пронаоѓање на адекватна замена за лозинките.

На пример, начинот на кој ракуваме со нашите паметни телефони, треперењето на рацете и манипулативните движења , може да се прочитаат од страна на сензори. Телефонот може да ги запамети  овие знаци, активно да ги следи и автоматски да се заклучува кога некој друг се обидува да го користи.

Други тимови на научници се обидуваат да ги подесат нашите компјутери и паметни телефони да го идентификуваат нашиот стил на пишување, зборовите кои ние ги користиме, конструкцијата на реченици што ние ја користиме.

Следната идеја е сопственикот да каже една фраза, наместо да пишува лозинка. Компјутерот би ги препознал не само зборовите, туку и суптилните разлики во тонот и артикулацијата.

DARPA вели дека проектите досега  имаат многу добри резултати и дека некои од најголемите производители на компјутери и паметни телефони изразиле интерес за инкорпорирање на новите софтвери.

 

Поддржете ја нашата работа: