Луѓето ги толкувале соништата од самиот почеток на човештвото

Иако сѐ уште се расправа околу тоа дали соништата носат важни пораки за нашето здравје и начин на живот, или пак воопшто немаат никаво значење, кога во денешно време се толкуваат соништата, тие најчесто се поврзуваат со притисокот и нервозата на работното место или во личниот живот.

Потрагата по одговорот дали тие се поврзани со нашиот живот не е нов концепт. И нашите предци го правеле истото илјадници години пред нас.

Според „Dream Moods“, можно е толкувањето на соништата да датира од пред 4.000 години п.н.е. и најчесто имало религиска основа. Старите Римјани и Грци верувале дека тоа се пораки од нивните богови или од мртвите. Овие народи ги користеле соништата како насоки при донесувањето на нивните секојдневни одлуки. „Толкувачите на сонови дури и ги придружувале војсководците во битките за да им помогнат во воената стратегија“.

Но и поврзаноста на соништата со здравјето што и денеска ја познаваме, била присутна и во тој период, како и во поголемиот дел од историјата поврзана со сонувањето.

Во една статија во „Journal of Medical Ethics and History of Medicine“, се забележува дека лекарите во античка Грција ги користеле соништата за дијагноза на болестите и верувале дека доколку се наведат пациентите да сонуваат дека се ментално здрави, тоа би можело да им помогне во третманот на болеста.

Според учењето на Хипократ, докторите би требало да ги наведат соништата на пациентите како дел од медицинската историја, заедно со физичкото опкружување, исхраната, биографските податоци, присутните симптоми и промените во расположението.

bridge-16062891280

Во Викторијанската ера, познатиот австриски психоаналитичар Зигмунд Фројд – и самиот контроверзен како и соништата, верувал дека тие претставуваат показатели за менталното здравје.

Музејот на Фројд во Велика Британија ги наведува неговите размислувања за тоа што претставуваат соништата, меѓу кои и дека тоа се „маскирани исполнувања на потиснатите инфантилни желби“ и како тие да се толкуваат, врз основа на познавањето на пациентот и на тоа какво значење за него имаат различните работи. „Фројд вели дека само со помош на асоцијациите што ги има сонувачот, може да се нацрта вистинската „емоционална карта“ на сонот (како што би можело да се нарече), со сите битни делови поставени на вистинското место.

Фројдовиот современик, Карл Јунг, исто така става силен акцент на интерпретацијата на соништата.

Што и да претставуваат, соништата отсекогаш играле голема улога во нашите животи, со нивното влијание и на наједоставните детали, на пример на нашето расположение кога ќе се разбудиме наутро.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.