Луѓето ја населиле Америка пред 130.000 години?

Неодамна објавените резултатаи од истражување извршено на археолошки локалитет во блзина на Сан Диего, САД, првите луѓе пристигнале на територијата на Америка дури 130.000 години порано од то што се сметаше досега.

Според сегашните достапни податоци, Америка ја населиле луѓе пред 25.000 години, кои дошле од просторите на Азија, преку,  во тоа време заледениот Берингов теснец.

„Ако наведеното е точно, тогаш тоа во основа ќе го разниша нашето познавање и тоа не само во областа на археологијата, но и во останатите научни дисциплини што се занимаваат со оваа тематика“вели  Микел Винтер Педерсен, геогенетичар од Универзитетот во Копенхаген (кој инаку не бил директно вклучен во истражувањето).

Имено, на локалитетот се епронајдени остатоци од коски од мастодонт стари 130.000 години, на кои биле видливи траги од сечило, што според научниците вклучени во истражувањето претставува силен доказ за присуство на луѓе на американскиот континент во далечното минато.

Конкретно, откриени се  остатоци од коските на нозете и остатоци од забите на ова огромно изумрен суштество, далечен роднина на слонот. Археолозите велат дека начинот на кој овие коски се скршени откиваат многу важни податоци. Коските во тлото со текот на времето се дробат и се претвораат во прав, првенсвено заради минијатурните сеизмички движења, притоа оставајќи специфични траги на коските кои денес ги откриваме. Меѓутоа, според наводите на научниците, на коските се откриени друг вид на траги, кои настанале кратко време по смртта на мастодонтот и не се последица на геолошките процеси.

Многу од коските се скршени, а некои од остатоците многу потсетуваат на примитивните орудија кои ги користеле првите луѓе во Африка, пред 1,7 милиони години. Покрај тоа, се чини дека коските се закопани на куп.

„На многу локалитети се пронајдени докази дека коските се користеле како еде вид чекан и наковална. Она што е навистина импресивно кога се работи за овој локалитет е дека може да се идентификува конкретен чекан кој удирал на точно одредена наковална“– истакнува Ричард Фулагар, археолог од Универзитетот Волонгог во Австралија.

Сите овие податоци според Фулагар претставуваат „непобитни“ докази дека имало присуство на луѓе во периодот кога овој мастодонт угинал.

Сепак, некои научници не се убедени дека овие дкази укажуваат на човечко присуство.

Мајкл Ватерс, директор на Центарот за истражување на првите Американци при Универзитетот Тексас A&M, вели дека е скептичен, наведувајќи при тоа дека за вакви тврдења потребно е да има многу поцврсти докази. Покрај тоа, тој укажува на „се поголемиот број на генетски докази“ кои сугерираат дека првите Американци стигнале во регионот не порано од пред 25.000 години.

Поддржете ја нашата работа: