Луѓето кои ги одолговлекуваат работите имаат различна анатомија на мозокот

Едно релативно ново истражување покажува дека луѓето кои ги одолговлекуваат задачите, имаат мозок со многу поголем главен центар за страв и чувства.

Научниците веќе подолго време ги проучуваат разликите помеѓу луѓето кои одолговлекуваат и оние кои редовно ги извршуваат задачите. Иако се добро идентифицирани разни социјални и психолошки разлики, досега никој не споредувал мозоци на овие две групи со помош на магнетна резонанца.

Овој пат е истражена нервната основа за контрола на импулсите, која открива фундаментална различност во анатомијата на мозокот. Со користење на снимки, добиени со помош на магнетна резонанца, студијата проучила 264 лица т.е. мозокот на секој поединец.

Учесниците пополнувале анкета која ја мерела нивната способност за контрола на активностите на импулсот, па бодовите се добивале по тоа дали ги извршуваат задачите или одолговлекуваат.

Резилтатите откриваат дела лицата со лоша контрола на делување имале тенденција да имаат поголем центар за страв и чувства. “Лицата со поголем волумен на амигдалата имаат склоност кон одолговлекување уште на почетокот, без ниту една добра причина,” – велат авторите во студијата, објавена во списанието Psychological Science.

Тоа значи дека луѓето кои ги перцепираме како мрзливи и неамбициозни – можноста за ризик ја гледаат како нешто доста непријатно. Амигдалата ги контролира реакциите на страв, но поради поврзаноста со центрите за меморија, одговорите на страв можат да се менуваат со текот на времето поради искуствата кои се доживуваат.

Научниците, исто така кај лицата кои имаат помала контрола за делување пронашле послаби врски помеѓу амигдалата и предниот кортекс, што допринесува за влошување на контролата за делување.

Поддржете ја нашата работа: