Научниците од универзитетот користеле неколку големи мултинационални бази на податоци за да ги испитаат промените во начинот на кој луѓето го оценувале своето здравје во периодот помеѓу 1981 и 2007 година, и го споредиле со експанзијата на медицината во 28 земји кои се членки на Организацијата за економска соработка и развој.
Во тој период, медицинската индустрија драматично се ширела во многу од тие земји, каде што логично е да се очекува дека луѓето би се чувствувале поздрави. Но, тоа не е она што го открил Хју Женг, професор по социологија на Универзитетот во Охајо.
„Пристапот до медицината и медицинската нега не го подобрува навистина нашето здравје. На пример, во САД, процентот на Американци кои изјавиле дека се во добра здравствена состојба се намалил од 39 на 28 проценти од 1982 до 2006 година“, истакнува Женг.
Тој спровел т.н. „спротиставена анализа“ користејќи ги тие податоци за да види што би се случело доколку медицинската индустрија не се проширела во сите овие земји од 1982 година. Биле земени предвид и другите фактори кои се поврзани со доброто здравје, како што е економскиот развој и очекуваниот животен век во различни земји, како и индивидуалните варијабли, како на пр. дали луѓето биле во брак, нивниот степен на образование и нивните приходи.
Оваа анализа, со ова сценарио, предвидела дека здравјето (по проценка на луѓето) ќе се подобрело во овие 28 земји, и процентот, на пример, би бил поголем за 10.
„Се чини дека се побива медицината, но тоа го покажуваат податоците. Повеќе медицина не води до тоа граѓаните да се чувствуваат подобро“, вели Женг. Истражувањето е објавено во „Social Science Research“ .
Женг мерел три вида на медицинска експанзија: медицински инвестиции, кои вклучуваат трошоци за здравствена заштита по жител и вкупно здравствено вработување; медицинска професионализам и спрецијализација, што го вклучува бројот на лекари и специјалисти; и експанзијата, односно прширувањето на медицинската индустрија, што вклучува фармацевстка продажба по жител. Луѓето го оценувале своето здравје според скала од 1 (многу слабо) до 5 (многу добро).
Женг вели дека постојат повеќе причини зошто експанзија на медицината прави луѓето да се чувствуваат помалку здрави. Една од тие причини е тоа што медицината открива или „создава“ повеќе „нови“ болести што го зголемува ризикот луѓето да бидат дијагностицирани со истите. Три примери за тоа – зголемена дијагноза на АДХД, депресија и аутизам.
Покрај тоа, агресивните третмани на болестите може да доведат до појава на нови болести. А и како што медицината станува се подостапна, луѓето очекуваат да им се подобри здравјето, понекогаш и до нереален степен. Тоа доведува и до губење на довербата во медицината, без оглед на полот, возраста или другите фактори, што воедно се совпаѓа и со периодот на експанзија на истата.