Лутата храна го продолжува животот

Луѓето кои јадат зачинета/лута храна речиси секој ден имаат 14% поголеми шанси да живеат подолго од оние кои консумираат зачинета храна помалку од еднаш неделно. Според новите наоди, љубителите на зачинета храна, исто така, се со помала веројатност да умрат од рак и срцеви и респираторни болести отколку оние кои јадат зачинета храна ретко.

„Резултатите се новост за нас “, вели Лу Чи, вонреден професор на Одделот за исхрана на Харвард и ко-автор на студијата. Ова е всушност првиот извештај за врската меѓу внесувањето на зачинета храна и смртноста.

Истражувачите анализирале податоци за здравјето и исхраната од 487.375 луѓе, на возраст од 30-79 години кои се запишани меѓу 2004-2008 во „China Kadoorie Biobank“. Учесниците со историја на рак, срцеви заболувања и мозочен удар биле исклучени од студијата. За време на следењето на пациентите во период од 7,2 години, имало 11.820 смртни случаи кај мажите и 8.404 смртни случаи кај жените.

Резултатите покажале дека мажите и жените кои редовно јаделе зачинета храна имале помала веројатност да починат од оние кои јаделе зачинета храна поретко, барем за време на студијата. Тие, исто така имале помала веројатност да починат од одредени болести, вклучувајќи рак и срцеви и респираторни заболувања. Корелацијата е забележана по приспособување на други познати или потенцијални фактори на ризик и била поизразена кај лицата кои не пијат алкохол.

Свежите и сувите чили пиперки се едни од најчесто користените зачини пријавени од страна на кинеската популација во студијата. Во претходни студии е пронајдено дека капсаицинот, како и други биоактивни состојки во чили пиперките имаат својства против дебелината, како и антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства, но авторите предупредуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди дали постои директна врска помеѓу овие состојки и помалиот ризик од смрт.

Студијата е објавена во онлајн изданието на „BMJ“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.