Магнетен штит за Марс

Марс сега не е погоден за човечки живот, но еден ден тоа би можело да се промени.

Научниците на НАСА предлагаат смел план со кој би можело на Марс повторно да му се врати атмосферата, со што црвената планета би била погодна за живот на идните генерации на луѓе што ќе ја населат.

Тие сметаат дека со лансирање на огромен магнетен штит во вселената што би го заштитиле Марс од соларните ветрови, би можела да се обнови атмосферата и би се воспоставиле услови повторно да има водени токови на површината.

Марс сега изгледа како ладна сува пустина, но се смета дека некогаш имал густа атмосфера која можела да одржува длабоки океани исполнети со течна вода и потопла клима, потенцијално погодна за живот.

Според научниците, Марс го изгубил сето ова откако се распаднало неговото магнетно поле, пред милијарди години по што соларните ветрови ја уништиле неговата атмосфера.

НАСА смета дека доволно моќен магнетен штит, лансиран во вселената помеѓу Сонцето и Марс, би можел да послужи како замена за изгубената магнетосфера на Марс, што ќе и даде шанса на планетата природно да ја обнови својата атмсфера.

Со зголемување на густината на атмосферата, научниците проценуваат дека климата на Марс би станала потопла за 4 степени Целзиусови, што би било доволно дел од ледот од јаглероден диоксид на северниот пол на планетата да се почне да се топи. Доколку тоа се случи, јаглеродот во атмосферата би помогнал да се задржи топлината, како што го прави и на Земјата.Тоа ќе поттикне ефект на стаклена градина што ќе помогне да се стопи водениот мраз и ќе ја врати течната вода на Марс во вид на реки и океани.

Научниците признаваат дека планот во овој момент е во голем дел хипотетички, но нагласуваат дека е извонредна визија  што би можело да се оствари во наредните години.

Ако се докаже дека овој концепт е изводлив, нема потреба да се нагласува во колкава мерка тоа ќе смени изгледите за населување на Марс во иднина.

Наодите биле презентирани минатата недела  на „Planetary Science Vision 2050 Workshop“.

 

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.