Мајчинството го забрзува стареењето

СПОДЕЛИ

Од порано е познато дека раѓањето резултира со значајни физички и психички промени кај жените, а податоците за резултатите од ДНК анализи, собрани од 2.000 американски жени во репродуктивна возраст посочиле на промена на генетските обележја кај жените кои веќе родиле, што упатува на тоа дека нај нив клетките претрпеле забрзано стареење.

„Навистина не изненадија таквите резултатои од истражувањето. Податоците покажуваат дека клетките на жените кои родиле биле подложни на забрзано стареење, по што заклучиле дека породувањата и мајчинството го забрзуваат стареењето на келтките за приближно 11 години“, вели Ана Полак, епидемиолог од универзитетот Џорџ Мејсон за New Scientist.

За време на анализирање на податоците од период од 1999 до 2002 година забележале промена на должината на теломерите. Како луѓето стареат, така теломерите стануваат се пократки.

Оцената на должината на теломерите е индикатор за општото здравје на организмот затоа што тие се структури кои се наоѓаат на краевите од нашите хромозоми, а главна задача им е да го штитат нивниот генетски материјал. За да се опишат сликовито, велиме дека тие се како пластични капачиња на врвките од чевли кои ги штитат истите од оштетувања.

Теломерите со секоја делба на клетката се скратува, а со нивно стареење, теломерите стануваат сѐ пократки. На крај стануваат премногу кратки за да ѝ овозможат делба на клетката, заради што клетката повеќе не може да се дели туку умира, што е нормален биолошки процес.

Пократките теломери се поврзуваат со болести како рак, срцеви заболувања или други болести.

Кога ги зеле во предвид сите податоци за возраста, степенот на образование, етничката припадност, дали е испитаничката пушач и тн, научниците кај жените кои родиле најмалку еднаш откриле теломери кои се просечно пократки за 4,2% во однос на теломерите на жените кои никогаш не родиле.

Студијата исто така покажува дека скратените теломери зависат од тоа колку деца има родено жената.

„Утврдивме дека теломерите се пократки кај жените кои родиле пет или повеќе деца во однос на оние кои не родиле и дека биле релативно пократки во однос на теломерите на жените кои родиле едно, две, три или четири деца“, вели Полак.

Резулататите од истражувањето се објавени во списанието Human Reproduction.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------