Анализирајќи ги криците на мајмуните кои ги испуштаат, научниците дојдоа до заклучок дека мајмуните имаат доста софистицирани вокални способности отколку што човекот им дава признание.
Се чини дека анатомијата на нивниот вокален тракт, теоретски има способност да произведе 5 основни самогласки на кои се засноваат повеќето човечки јазици, а со тоа може да се формираат разбирливи реченици.
Па слушнете како би звучело прашањето „Дали ќе се омажиш за мене?”
Како што пишува британскиот „Daily Mail“, неодамнешното истражување на макаки мајмуните кои живеат од Суматра до најсеверните делови на Јапонија, покажува дека мајмуните имаат одредена предиспозиција за развој на говорот кој дури и се користи. Всушност, истражувачите на Универзитетот Принстон докажаа дека мајмуните имаат анатомски и вокални предиспозиции за развој на говорот, но веројатно некои одредени центри во мозокот се’ уште не се доволно развиени за да се појави говор.
„Сега веќе никој не може да каже дека мајмуните имаат проблем со говорните вокални способности,” вели Асиф Газанфар од Универзитетот во Принстон, лидер на тимот на студијата.
„Тие имаат подготвена вокална анатомија, но не и развиен мозок за говор. Она што ние сега треба да го дознаеме е зошто човечкиот мозок, но не и мозокот на мајмун, може да произведе јазик” – додаде Газанфар.
За сега е забележана некоја форма на комуникација помеѓу овој вид мајмуни, што нас ни звучи помалку морничаво.