Македонската иновација „паметно капаче“ доби инвестиција од 120 илјади евра од „Tech Stars“

Компанијата „Fueloyal“, која стои за иновативниот производ „паметно капаче“ кое штеди гориво, е проект кој постои една година со седиште во Чикаго. Основана е од Игор Христов и Хрватот Јурица Магочи. Овој стартап неодамна доби инвестиција од 120.000 долари од американскиот акцелератор „Tech Stars“ во Њујорк. Тимот на „Fueloyal“ до јануари следната година е дел од акцелераторската програма кога очекува уште една инвестиција.

Христов во моментот работи на формирање огранок во Македонија, односно „Fueloyal America“ ќе отвори своја компанија во Македонија, со цел да оформи тим кој ќе работи исклучиво на подобрување на перформансите на паметното капаче кое штеди гориво.

„Во моментов сме дел од „Tech Stars“ акцелераторот, а целта на американските акцелератори воопшто е од твојата идеја да направат вреден бизнис. Вклучени сме во мрежа на ментори од многу познати компании. Партнери во моментов ни се „Bosch“, „SAP“, „Verizon“, „General Electric“ и „Pricewaterhouse Coopers“. Тие се партнери во програмата од десет стартапи во која сме вклучени и ние, односно програмата „TechStars Iot (Internet of Things) New York’, со цел да се оствари соработка. Сите овие големи компании имаат свои фондови специјализирани за стартапи. Идејата е соработката со некоја од стартап компаниите да резултира со партнерство или инвестиција“, вели Игор Христов ексклузивно за „Иновативност.мк“.

„Ние имаме најголем интерес за соработка со „Verizon“ поради тоа што нашата компанија не е конкурентска, а сепак таргетираме ист тип на клиенти. Иако постои шанса за партнерство потребно е време додека да се оствари тоа партнерство бидејќи сепак станува збор за компанија од околу 150 000 вработени. Во „Verizon“ гледаме силен партнер бидејќи тие располагаат и со свој инвестициски фонд наменет за стартапи“. Оваа компанија годинава презема два големи стартапи во транспортната индустрија.

igor-e1480348070361

  • Како влеговте во акцелераторската програма на „TechStars“?

Добивме покана за учество уште кога го отворија „TechStars Berlin“, пред околу една година. Ние ја испративме официјалната апликација, меѓутоа тие бараа да бидеме присутни три месеци внатре во акцелераторот. Во тој момент бевме во фаза на развивање на нашиот производ и не беше возможно да заминеме на три месеци. Дополнително, пазарот кој го таргетираме не е европскиот, туку американскиот, поради што заминувањето во Берлин не беше приоритет.

Во меѓувреме добивме уште една покана, овојпат за програма во нивната канцеларија во Њујорк. Бидејќи колега од тимот беше веќе во Америка, оствари средба со нив на која не известија дека се вклопуваме во две од нивните програми: за мобилност и за „IoT“ односно „Internet of things“. Официјалната програма започна сега во октомври 2016 и ќе трае до јануари 2017 година, а еден од менторите на нашиот проект е CEO на американската компанија „Digital Ocean“.produkt-home

  • Што претставува влегувањето во една акцелераторска програма?

Акцелераторот добива удел во вашата компанија, а од нивниот инвестициски фонд вие добивате одредени средства. Оние финансиски средства кои ги добивате се доволни колку вие да го преживеете почетокот од лансирањето на вашата компанија, но многу позначајно е искуството кое го стекнувате преку активностите таму и мрежата во која ја вклучуваат.

  • Во која фаза сте во развојот на вашиот производ?

Како што веќе споменавме, моментално работиме на втората верзија на производот. Првата верзија веќе успешно ја продадовме и се користи на…

Целото интервју можете да го прочитате на „Иновативност.мк“ преку следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: