Манипулација со мозокот: Креирани лажни мемории

Користејќи електроди за директна стимулација и евиденција на активноста на нервните клетки, тие создале вештачки асоцијативни спомени кои опстојуваат додека животните се будат, а потоа имаат влијание врз нивното однесување.

Манипулирањето со меморијата во невролошките лаборатории стана рутина. Минатата година научниците работеа на кодирање на одредени спомени, процес наречен оптогенетика. Потоа претворање на позитивни спомени во негативни и обратно.

Сега најновиот труд, објавен во списанието „Nature Neuroscience“ за прв пат покажува дека можат да бидат вградени вештачки сеќавања во мозокот. Трудот, исто така обезбедува повеќе детали за тоа како популации на нервните клетки кодираат просторни сеќавања, како и детали за важната улога на спиењето за јачината на сеќавањето.

Клучни регии се медијалниот дел на просенцефалонот (MFB) и CA1 регионот на хипокампусот, кој содржи најмалку три различни типови на клетки кои ги кодираат сеќавањата потребни за уредување на просторот и навигација.

Со оглед на тоа дека студијата  вклучува имплантирање, снимање и стимулирање на електроди директно во мозоците, јасно е дека зборуваме за високо инвазивна процедура. Тешко дека овој метод некогаш ќе се применува кај луѓето, освен во посебни околности.

Кога веќе зборуваме за лажна меморија, постојат истражувања кои покажуваат дека фиктивните спомени може да се вградат во човечкиот мозок, без употреба на софистицирана технологија. Во еден неодамнешен експеримент, речиси три четвртини од испитаниците се изјасниле дека имаат богати лажни сеќавања на кривично дело што не го извршиле.

Наодите јасно покажуваат дека стресот и депривација на спиење може да ги направи луѓето поподложни на лажни сеќавања, и ова има големи импликаци во т.н. „подобрени техники за испрашување“. Со обезбедување на појасна слика за активноста на мозокот поврзана со формирање на лажни сеќавања, студиите од ваков тип евентуално ќе помогнат да се пронајде начин за справување со лажната меморија или нејзино ефективно користење.

Поддржете ја нашата работа: