Maркетинг: Kои бои привлекуваат, а кои одбиваат потрошувачи?

Најдобрите бои за рекламирање на ресторани се оние бои кои прават луѓето да се чувствуваат пријатно или ги стимулираат нивните сетила. Топлите бои го задржуваат вниманието на луѓето. Водечките ресторани избираат црвена, портокалова или слични бои. Тие стимулираат топлина и комфорт, и кога луѓето се релаксираат за време на вечера, тие се склони кон уживање во десерт или добро кафе, а со тоа и да потрошат повеќе пари.

Јаките бои се едни од најдобрите бои за економска пропаганда кога станува збор за производи како „fast food“. 

Ладните бои како што се зелената и сината се едни од најдобрите бои за рекламирање медицински и други производи што имаат некаква врска со здравјето. Сината боја се асоцира со смиреност, и ја претставува водата, која е животна сила. Оваа боја дури може да ги забави отчукувањата на човековото срце, и го намалува апетитот (поради што не е избрана за ресторани). Некои нијанси на сината боја индицираат на сигурност, факт што ја прави добра за бизнис огласи. Исто така е популарна боја за униформите на поштари, осигурување и други службеници. Потемно сини униформи се носат од поавторитативни лица, како што се полицајците.

Се дебатира дали сината боја е или не е соодветна за рекламирање „online“. Многу веб страници употребуваат барем малку сина боја. Таа е популарен избор за „online“ огласи. Бои како небесно сина и нијанси на зелено може да бидат ефективни затоа што евоцираат чувство дека се наоѓаш на отворено.

Според истражувањата, црната и белата боја може да се каже дека се најдобрите бои за рекламирање. Тие се употребуваат да означат моќ и да создадат чувство дека Вашата компанија и професионална. Секако дека содржината на огласот или рекламирањето е важна, но не треба да се потценува влијанието на боите.

На пример, во оглас кој содржи многу информации за процесирање, најдобро е да биде во црно-бела боја за другите бои да не се мешаат со информацијата која треба да се прими. Истражувањата покажале дека огласите во боја привлекуваат 50% повеќе читатели од оние во црно бела боја. За тоа биле искористени 4 списанија „Jet magazine“ (списание за Афро Американци), „People“, „Woman’s Day“ (списание за жени) и „Playboy“ (списание за мажи). Четири изданија од секое списание биле избрани за истражувањето. Резултатите покажале дека бојата на огласот не влијае толку колку што влијае бојата на самиот производ. Специфични бои предизвикале различни емоции кај жените и мажите, и различни кај белите и Афро Американците. Луѓето се различни и нивните омилени бои исто така. Ако компаниите сакаат со нивните огласи да допрат до различни групи, еден ист оглас во различни списанија нема да доведе до тоа. Исто така, разликите во половите и етничките разлики во преферирањето на бои игра голема улога во одлучувањето кој што купува.

Боите ќе одлучат дали некој ќе продолжи да клика на одредена веб страница. Исто така бојата ќе биде одлучувачка дали некој ќе почне да читa одредена статија во списание.

Различни култури имаат различни ставови и преференции на боја. Во Кина бела боја симболизира смрт, а во Бразил тоа е виолетовата. Виолетовата е боја на смрт во цела Латинска Америка, додека во Европа и на Средниот Исток е боја на кралството, а во Кина е боја на грубите, варварите.

Во Америка, зелената боја се асоцира со љубомора и пари, црвената со возбуда, сила, секс, страст, брзина и опасност, сината доверба и сопственост, жолта топлина, сончева светлина, радост и среќа. Портокалова асоцира на топлина и живост, зелена на природа, свежина, виолетовата на спиритуалност и достоинство, розова на сигурност, бела на невиност и младост, црна на софистикација, елеганција, заводливост, мистерија, сребрена на престиж и наука.

Боите влијаат и на навиките на купување. Црвена, портокалова, црна и сина ги привлекуваат импулсивните купувачи. Розовата, зелената и морнарско сината ги привлекуваат паметните купувачи со буџет. Розовата и небесно сината ги привлекуваат конформистите.

Боите кои се употребуваат на web страниците влијаат дали потенцијалниот купувач ќе продолжи да разгледува низ сајтот и колу долго ќе го прави тоа. Боите исто така влијаат на одговорите и однесувањето. Пример, еBay употребува жолта боја барајќи топлина и среќа, а „General Motors“ користи сина за доверба и сигурност.

Како што боите се разликуваат во значењто кај различни култури може да се разликуваат и кај различни класи. Пример, работничката класа во САД повеќе сакаат бои со едноставно име како сина, црвена, зелена и др., додека повисоките класи сакаат помрачни бои како темносива, азурна (небесно сина), бледо виолетова. Токму затоа логото на „WalМart“ е црвено. 

Вниманието на малите деца го привлекуваат светлите основни бои – ги привлекуваат децата, но бабите и дедовците го отвараат новчаникот. Ова значи дека за децата ќе се употребат основните бои, а за материјалот кој го читаат бабите и дедовците ќе се употребат црвена, сина, розова и жолта заради доверба и сигурност.

Проучувајќи ги боите, маркетарите научиле кои бои владеат и како влијаат на расположението на потрошувачите и кои бои ќе го привлечат нивното внимание. Пример, во муслиманските култури на Средниот Исток е неприфатливо производите да бидат црни бидејќи црната боја ја асоцираат со скромноста на жените.

Направена е студија во Осака Сити за боите кои се упоребуваат на надворешните средства на економска пропаганда. Општо, јаката црвена, зелена и  сина боја, и црна и бела боја биле најчесто  употребувани на билборди и плакати. Живите бои  кои се користат на надворешните средстава на економска пропаганда можат да се забележат од голема далечина.

Боите кои ги избираат маркетарите се многу повеќе од естетски одлуки; боите влијаат на расположението и емоциите на луѓето, на тековните трендови на стил и културни верувања. Боите не расположуваат, ни даваат надеж, утеха, чувство на љубов, можат дури и да не мотивираат и да не натераат да јадеме и кога не сме гладни.

Поддржете ја нашата работа: