Неодамна, излегоа гласини дека научниците конечно детектирале гравитациони бранови, предвидени од Ајнштајн уште пред 100 години, и дека наскоро нивните наоди ќе бидат објавени за пошироката јавност.
Досега, нашето разбирање за тоа како гравитацијата влијае на универзумот беше ограничено на набљудувања на природните гравитациони полиња создадени од далечните ѕвезди и планети. Всушност, гравитацијата е последната од четирите фундаментални сили ( електромагнетните сили, јаките и слабите нуклеарни сили) која што човештвото не открило како да ја произведува и контролира. Сега, Андре Фуцфа, математичар на Универзитетот во Намур, Белгија, предлага уред кој може да го направи токму тоа – иако во мали дози, и притоа не е потребна никаква нова технологија.
Теоретскиот уред кој тој го предлага е занован на големи суперспроводливи електромагнети, како оние кои моментално се користат во Големиот хадронски судирач, за да се генерираат силни и контролирани магнетни полиња кои ќе овозможат увид во тоа како тие го виткаат време-просторот. Иако овој метод се’ уште не е експериментално тестиран, Андре ги направил потребните математички пресметки, објавени во „Physical Review D“, кои се засновани на принципот на еквивалентност кој се наоѓа во центарот на Ајнштајновата теорија и вели дека сите видови на маса и сите видови на енергија произведуваат гравитациони полиња и на истиот начин се под влијание на истите. Тоа значи дека електромагнетните полиња теоретски можат да го виткаат време-просторот исто како една планета или сонце, но проблемот е што тие криви произведени тука на Земјата се толку мали што не можат да се детектираат. Новиот метод на Андре би овозможил нивно детектирање со помош на интерферометри кои ќе работат на тој начин што над секој од нив ќе се наметне гравитационо поле.
Иако се работи за многу мали гравитациони полиња, можноста да се произведуваат е неверојатна од научна гледна точка, бидејќи ќе им овозможи на физичарите за прв пат активно да ја проучуваат гравитацијата и да ја тестираат општата теорија на релативитет на Ајнштајн. Дури, би можело да доведе до нови форми на технологија, како на пример форми на комуникација засновани на гравитација, наместо на електромагнетни бранови.
Но, проблемот е тоа што ваквиот уред би бил неверојатно скап и тежок за производство, и е малку веројатно дека неговата изградба ќе започне само врз основа на математички докази. Но, доколку крајниот резултат е создавање и манипулирање на гравитацијата, дефинитивно вреди!