Мазна или рапава површина по желба

Процесот, кој е развиен со помош на детални компјутерски симулации, вклучува материјал кој е составен од два различни полимери со различен степен на цврстина – поцврсти честички се вградени во матрицата на пофлексибилен полимер. Кога материјалот ќе се згмечи, површината се менува во зависност од растојанието и формата на вградените цврсти честички. Кога ќе се пушти, се враќа во оргиналната форма.

Текстурата на површината на материјалите е особено важна за различни примени, вклучувајќи камуфлажа, изработка на површини кои привлекуваат или одбиваат вода, контрола на движењето и турбуленцијата на течностите и др.

Бидејќи системот е целосно „геометриски управуван“, врз основа на формите и растојанието на материјалите со различен степен на флексибилност, би можел да се прилагоди на сите големини, истакнуваат научниците.

Научниците велат дека ова откритие миже да доведе до нова класа на материјали со динамично контролирани и реверзибилни својства на површината. Истражувањето е објавено во „Advanced Functional Materials“.

Поддржете ја нашата работа: