Во почетокот на минатата година, со трансформацијата на Руската академија на науките (РАС), Медведев ја објасни потребата да се обезбеди високо ниво на истражување. Според него, реформата на Руската академија на науките е дамнешна и неопходна. „Покрај тоа, нашите научници продолжија да добиваат нови научни резултати значајни во светски рамки, што говори само по себе“- рече Медведев.
Според него, финансирањето за истражувања од државниот буџет во 2014 година изнесувало 6,56 милијарди евра. Исто така, Владата продолжува да ја спроведува стратегијата на иновативен развој на Русија за формирање на погодна економија и закони за иновативен развој. Воспоставувањето на таков систем ќе придонесе за зајакнување на иновативните активности.
Медведев рече дека благодарение на Фондацијата за помош на малите иновативни претпријатија во научните и техничките области годишно се основаат околу 500 мали иновативни претпријатија.
Медведев зборуваше и за уште еден тренд во развојот на науката кој го нарекува „поефикасно користење на интелектуална сопственост”. Тој објасни дека минатата година се донесени голем број на законски решенија, вклучувајќи и измени во дел од Граѓанскиот законик на интелектуална сопственост, со кои се регулираат овие односи. За крај, истакна дека Русија ќе продолжи да работи во насока на подобрување на науката.