Иако скоро цета вулканска активност на Месечината престанала пред повеќе милијарди години и станува збор за мртов Земјин сателит со ретка геолошка ативност, на него повремено, како и на останатите планети се случуваат потреси, велат научниците од НАСА.
Тие тврдат дека поради внатрешното ладење во последните неколку милиони години оваа небесно тело се намалило за 50 метри и дека се уште е тектонски активно.
Постепено Месечината се собира. Научниците тоа го споредуваат со собирањето на бобинките грозје кои се немалуваат. Но, за разлика од флексибилниот слој на грозјето, површинската кора на Месечината е мека па при собирањето се распаѓа.
До овие појави доаѓа кога корате се поместува и турка еден дел над друг. Притоа се формираат необични карпи кои моажт да се видат на површината. Високи се и долги со километри.
Карпите кои претходно се распаднале оставиле трага на целата површина, а новите податоци на НАСА укажуваат на тоа дека и денес по должината на тие отвори се случуваат потреси.
Новите истражувања овозможиле алгоритми на кои се обработени сеизмички податоци од шеесеттите и седумдесеттите години, што допринело до расветлување на тектонските активности на Месечината и нивното подобро разбирање.
Од порано се знае дека на Месечината се случуваат четири видови потреси, првите три видови се однесуваат на длабоки потреси кои ги предизвикуваат судири на метеори или топлотни потреси предизвикани со Сончева топлина, но тие се релативно слаби. Четвртиот вид т.н. плитки потреси се посилни и можат да достигнат јачина од 5,5 степени по Рихтер и да траат 10 миути.
“Со анализа заклучивме дека ваквата активност се уште е присутна и дека веројатно предизвикува потреси и денеска кога Месечинат аи натаму постепено се лади и намалува. Некои потреси се прилично силни до мера од 5,5 степени по Рихтер”, вели Томас Ватерс, научник од Центарот за Земја и планетарна студија кој делува при вашингтонскиот Смитсонијан.
Научниците добиените податоци ги споредиле со фотографии кои во 2010 година ги направил лунарниот орбитер на НАСА.
Инстурментите кои ги оставиле астронаутите од Аполо 11 на Месечината од 1969 – 1977 година евидентирале 28 различни потреси. Научниците потврдиле дека најмалку осум потреси се последица на поместување на плочите под површината на Месечината, а не од удар на астеориди.
Тврдат дека потресите и собирањата на оваа небесно тело продолжуваат и денес, а фотографиите од кемења и лизгања на Земјата на површината упатуваат на неодамнешни тектонски активности.
Од НАСА велат дека потресите се случуваат во моментот кога Месечината е на најодалечената точка од Земјата затоа што земјината гравитација ја оштетува неговата кора.