Метеорит вреден 100 илјади долари со години го користеле како држач за врата

СПОДЕЛИ

Навидум обичен камен, тежок десет килограми, кој со децении служел како држач за врата, всушност е метеорит кој вреди 100 000 долари.

Професорка по геологија од Универзитетот во Мичиген открила дека еден камен тежок десетина килограми, кој повеќе од 30 години бил користен како држач за врата, всушност е метеорит чија вредност достигнува и до 100 илјади долари.

“Ова е највредниот пример кој некогаш во животот сум го држела во рака, парично и научно“, вели професката Монализа Сирбеску, нагласувајќи дека од почетокот знаела дека се работи за “посебен камен“.

Таа додала дека има случаи во кои луѓето носат камења на проценка во нејзиниот оддел, но дека ретки се оние кога предметите не се обични камења.

Сопственикот на метеоритот, кој решил да остане анонимен, на професорката и рекол дека метеоритот го добил во 1988 година, кога купил фарма во Едморо, Мичиген.

Поранешниот сопственик му опишал дека во друштво на својот татко видел пад на метеорит на неговата фарма во раните 30ти години од минатиот век, пишува Huffington Post.

Дискусија

Коментари