Метиленско сино против Алцхајмер

Раното откривање вклучува техники и стратегии кои  бараат начини за идентификација  на АБ пред  да се појави, како што се ризик-факторите за деменција, ретинална патологија, кардиоваскуларни заболувања, неврокогнитивно тестирање, посебни мозочни маркери, хемодинамски промени и невровизуелизација на посебни легии на мозокот.

Во областа на превенцијата на болеста, истражувачите разгледуваат мултидисциплинарен пристап, вклучувајќи специјалисти за мозок и срце, со цел да создадат подобар план за интервенција, за пациентите со ризик од АБ и за луѓето со претклинички знаци на деменција. Дополнителните погледи во превенцијата вклучуваат проценки на ризикот на деменција, советување за начинот на живот за одржување на нормалното когнитивно ниво и воспоставување на превентивни техники кои може да го одложат почетокот на Алцхајмеровата болест.

Иако овие третмани се’ уште се во експериментална фаза, тие можат да ја намалат неуспешноста на амилоид- бета терапијата. Како пример, тим на истражувачи покажа дека оралната употреба на метиленско сино, супстанција која се користи уште од 19 век за лекување на многу медицински заболувања, го намалува  губењето на меморијата а ја задржува способноста за учење кај стаорци со неадекватно снабдување на крв во мозокот, предизвикано од хронична церебрална хипоперфузија. Хроничната церебрална хипоперфузија кај постарите луѓе може да биде важен ризик-фактор за Алцхајмеровата болест.

Метиленско сино е корисно за подобрување на меморијата и учењето со зголемување на митохондријалната активност во мозокот. Дисфункцијата на митохондријалната енергија во мозокот не е невообичаена за време на стареењето, во присуство на нарушувања како што се каротидна оклузија, хипертензија, траума на мозокот, дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар. Митохондријалната респирација, која доведува до когнитивно опаѓање, е исто така погодена, со години пред појавата на Алцхајмеровата болест кај предиспонираните лица.

Резултатите од ова истражување сугерираат дека дневната орална употреба на мала доза на метиленско сино кај старите лица изложени на ризик од Алцхајмерова болест, може да биде корисен третман за да се спречи почетокот на Алцхајмерова болест.

Поддржете ја нашата работа: