Да, научниците од одделот на компанијата Волт Дизни наречен Disney Research, откриле начин за полнење на електричните уреди без користење на било какви жици.
Идејата за безжичен пренос на енергија датира уште од 19 век, а нејзин најпознат поборник беше Никола Тесла, кој во своето време поради недостаток на технологија не бил во можност за остварување на функционален модел.
Тимот од Disney Research успеал да пренесе енергија во цела просторија, со која се полнеле бројни уреди, додека истовремено била релативно безбедна за луѓето.
“Безжичното испорака на енергија има потенцијал совршено да ги наполни нашите уреди. Сепак, постојните решенија се ограничени на растојание од речиси директен контакт и не обезбедува слободно автоматско полнење,” велат истражувачите.
Со цел да го решат тој проблем, научниците смислиле квазистатична резонантна празнина (QSCR)’,каде се создаваат магнетни полиња за достава на киловати енергија на корисниците. Тие приемници можат да бидат прицврстени на уредот за да му приложат енергија.
Просторијата изградена од страна на Disney Research е прекриена со алуминиумски ламели. Во средината се наоѓа бакарна цевка која оди од подот до таванот и преку неа оди струја. Петнаесет кондензатори се користат за одредување на резонантната фреквенција во собата и за изолирање на електричните полиња од генераторот. Потоа низ собата се спроведува унифицирано магнетно поле на иста фреквенција.
Приемниците користат жичана овојница за да резонираат на иста фреквенција. Научниците успеале да пренесат енергија околу 1.900 вати со ефикасност од 40-50 отсто.
Но сеуште постојат проблеми. Првиот е очигледно потребата од просторија обложена со алуминиум, иако научниците тврдат дека целиот проект без проблм може да се зголеми или намали. Покрај тоа, циркуларната природа на магнетните полиња значи дека приемниците работат само кога се наоѓаат под одредени агли, иако тоа може да се реши со три намоти од кои секој е насочен во друга насока.
Воглавно се работи за сигурно решение, иако научниците нагласуваат дека луѓето не треба да се приближуваат на бакарниот столб поблиску од 46 см. за телото да не апсорбира повеќе од препорачаната енергија.