Микророботи за прочистување на водата

Научниците од Институтот Макс Планк во Германија направиле сферични микророботи кои можат да се движат низ вода и во исто време да ги убиваат патогените бактериите, како E. coli.

Едната половина од микророботот е направена од магнезиум, додека другата половина е направена од наизменични слоеви од железо и злато, на кои се прикачени наночестички од сребро. Микророботот е наречен Јанус, по римскиот бог со две лица

Кога овие микророботи ќе се потопат во вода, магнезиум реагира со течноста создавајќи водородни меурчиња што делуваат како погонски систем и ги движи напред. Додека тие се движат низ водата, бактериите се лепат на златото и брзо се апсорбираат и се убиваат со сребрените наночестички.

Тестирањата што истражувачите ги направиле во лабораториски услови, на вода загадена со големо количество E. coli, покажале дека Јанус има доволно магнезиум да се движи во вода 15 до 20 минути. За тоа време овие микророботи успеале да убијат повеќе од  80 проценти од бактеријата.Ова е многу поголема ефикасност од другите средстава на база на сребрени наночестички, коишто имаат ефикасност околу 35 проценти.

Колку повеќе микророботи ќе се додата во водата,толку е поефикасно чистењето, велат истражувачите. Откако магнезиумот ќе се потроши, Јанус роботите лесно се отстрануваат од водата со обичен магнет, со оглед на тоа дека содржат железо.

Истражувачите велат дека овие микророботи се биокомпатибилни, еколошки и не продуцираат немиски отпадни продукти за време и по нивното делување. Проблемот со средствата за дезинфекција на водата не е само нивното отстранување, туку и тоа што бактериите можат да развијат отпорност, па затоа е потребно да се комбинираат со други средства или да се користат во високи концентрации, што може да предизвика создавање на штетни нуспродукти.

Овие мали роботи би можеле да бидат идеални за местата каде има недостаток од чиста вода за пиење, како и на места кадешто со другите методи за стерилизација се губи  од  драгоцената вода.

Истражувањето е објавено во  „ACS Applied Materials & Interfaces“.

Поддржете ја нашата работа: