Микроскопот наречен „Foldskope“ е развиен од тим биоинженери на Универзитетот Стенфорт на чело со Ману Пракаш.
За да се склопи овој оптички микроскоп потребни се само десетина минути од перфорирано парче хартија. Содржи две сферични леќи, LED диода и батерија од рачен часовник за напојување на LED диодата.
Најскапиот дел од микроскопот е леќата со голема јачина-56 центи. Леќата со мала јачина чини 17 центи. Ако од која било причина некој дел откаже, лесно може да се замени, бидејќи сите делови вклучувајќи ги и леќите се модуларни. Тоа значи дека секој „Foldoskope“ може да се модифицира во зависност од болеста што се дијагностицира.
Со приклучок на LED светло, овој микроскоп може да се трансформира и во проектор и да послужи за подучување на деца или за обука на здравствени работници.
Иако ефтин и едноставен за изработка, овој микроскоп е прилично моќен. Неговите мали леќи можат да го зголемат примерокот и до 2000 пати што овозможува да се забележат микорорганизми како „Leishmania donovani“, „Escherichia coli“, како и маларија паразитите.Foldoskope не користи надворешни извори на енергија. Водоотпорен е и тежи околу 8 грама.
Тестирана е и неговата издржливост и се покажало дека се уште работи дури и да се прегази, а останал неоштетен и откако бил фрлен од неколку метри височина.