Минералот кој ќе ни помогне во борбата со климатските промени

СПОДЕЛИ

Со развојот на индустријата, количината на гас, исфрлен во атмосферата е се поголема. Овие гасови им овозможуваат на сончевите зраци дополнително да ја загреат планетата. Покрај останатите гасови, јаглерод диоксидот е најголем проблем. Што повеќе го има – тоа повеќе планетата се загрева.

Научниците сега откриле начин за брзо производство на минерал кој го складира јаглерод-диоксидот.

За овој минерал да се формира по природен пат, потребни се илјада години.Сега научниците пронашле начин како да создадат магнезиум карбонат во лабораторија за само неколку месеци. Доколку се произведува во големи количини, тоа може значително да помогне во борбата со климатските промени.

Една од причините за бавното создавање на магнезиум карбонатот е тешкото одвојување на молекулот на водата.

Новата техника го забрзува процесот на формирање на минералот, кој во природата складира големи количини на јаглерод-диоксид. Целиот процес може да се изведе во лабораторија, на собна температура.

Со цел да се реши овој проблем, научниците користеле ситен полистирен микросфер, секој со дијаметар од 20 микрометри за да ја забрзаат реакцијата. Благодарение на нив, бидејќи имаат способност за брзо одвојување на молекулите на вода од магнезиумот, научниците успеале да создадат магнезиум-карбонат.

Иако целата идеја е сеуште во експериментална фаза, научниците се надеваат дека ќе ја реализираат.

Дискусија

Коментари