Мистериозен блесок во центарот на Млечниот Пат

Тие имаат неколку теории за тоа. Една опција е дека високо-енергетските Х-зраци од кои е составен блесокот се всушност „крици“ од мртви ѕвезди кои се хранат од своите ѕвездени придружници. Или барем така мисли НАСА, која ги нарекува „крици на зомби ѕвезди“.

Објаснето со научни термини, светлината може да е доказ за мртвите ѕвезди во бинарен систем кои извлекуваат материјал од своите придружници – феномен кој е познат по ослободувањето на Х-зраци. Мртвите ѕвезди може да се бели џуџиња или мали црни дупки. Или пак, светлината може да ја предизвикуваат пулсари. Или пак, светлината може воопшто да не доаѓа од мртви ѕвезди туку од високо наелектризирани честички познати како космички зраци.

Никој не знае со сигурност. Сликите се направени во дел од вселената, околу 40 светлосни години во близина на „Sagittarius A*“ – големата црна дупка во центарот на галаксијата. Незнаењето не е изненадувачко со оглед на оддалеченоста на „Sagittarius A*“ од 26 илјади светлосни години од Земјата, и фактот дека центарот на Млечниот Пат е преполн со стари и млади ѕвезди, како и мали црни дупки, и сите тие може да емитуваат Х-зраци.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt