Ова се случило само два пати претходно, во 1997 и 2012 година. Сегашните испакнатини се издигаат на височина поголема од 250 км. и се појавиле на истиот дел на Марс како и претходните, со тоа што претходните два пати нивната височина била околу 100 км.
На научниците им е познато дека постојат облаци на Марс, но невообичаено е да се појават на волкава височина, каде што границата помеѓу атмосферата на Марс и вселената е многу тенка. Ова е причината поради која не можат да бидат сигурни дека се работи за облаци.
Овие структури во март 2012 година, биле забележани од страна на астрономи-аматери. Тие се развиле за помалку од 10 часа, зафаќајќи простор од 1000 x 500 км. и можеле да се видат во период од 10 дена, секојдневно менувајќи ја структурата. Еден месец подоцна, во април, повторно се појавиле и повторно траеле 10 дена.
Бидејќи се непознати за научниците, тие се навратиле на снимките од телескопот „Hubble“ и откриле дека слична структура се појавила на и 17 мај 1997 година.
Моментално научниците работат на утврдување на природата и причината на овој феномен, со помош на податоците од телескопот „Hubble“, како и снимки од страна на астрономи-аматери.
Една идеја е дека ова е предизвикано од стана на рефлективен облак од мраз, сув мраз (јаглерод диоксид), или честички од прашина, но за тоа се потребни исклучителни отстапувања од стандардните модели за циркулација на атмосферата за да се објасни формирањето на облаци на толкава височина.
Друга идеја е дека ова е поврзано се емисија на светлина, и навистина претходно била забележана светлина на овие локации, поврзана со познат регион на површината каде што има голема аномалија во магнетното поле на површината.
„Сепак, ова се само претпоставки и кога би биле точни, тоа би значело дека нашето досегашно познавање на горниот слој на атмосферата на Марс е погрешно“, истакнуваат научниците. Своите наоди ги објавиле во „Nature“ и се надеваат дека и други научници ќе дадат некое објаснување, во спротивно ќе мора да чекаат повторно да се појават.
Понатамошен увид ќе биде возможен со пристигнувањето на орбитерот „ExoMars Trace Gas Orbiter“ на Црвената Планета, чие лансирање е закажано во 2016 година.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.