Мистериозна болест ги убива антилопите

Ветеринарите и научниците, што ја истражуваат оваа катастрофа, ги презентираа своите наоди на официјалните лица од владата на Казахстан, каде се случуваат овие угинувања.

Животните почнале да умираат од непозната причина околу 10 мај. За само неколку дена умреле 27 000 антилопи, кога и владата на Казахстан побарала помош од Секретеријатот на Конвенцијата на ОН за Миграциски животни. Антилопите умирале како последица на тешка дијареа и проблеми со дишењето. Стапката на смртност била 100 проценти.

Минатиот петок бил испратен тим од ветеринари, предводени од Ричард Кок од Кралскиот ветеринарен колеџ во Хартфилд, Велика Британија.

Од испитувањата на примероците од ткиво – земени претходно од истражувачите од Казахстан, Кок и неговите колеги, го ограничиле бројот на можни причини на три. Една од можните причини е хемолитичката септикемија, предизвикана од бактерија, која е исто смртоносна и за бизоните.

Друга – помалку веројатна причина е епизоотска хеморагична треска, вирусно заболување кое го пренесуваат комарци и третата можна причина е токсемија, предизвикана од клостридија бактериите. Сепак, потребно е да се завршат сите лабораториски анализи и тестови за да може да се донесе конечен заклучок, вели Ричард Кок.

Главната причина зошто толку многу животни умреле наеднаш е тоа што повеќето од женките се отселиле во текот на една недела, што овозможило идеални услови болеста да се прошири помеѓу животните и нивните младенчиња.

Во 2014 година во областа Бетпак -Дала во Казахстан, се проценува дека имало 200 000 сајга антилопи и уште 60 000 во другите региони во централна Азија , за разлика од над еден милион колку што биле забележани во 1990-тите.


Поддржете ја нашата работа: