Мистериозни грутки плазма во вселената

Но, сите случаи биле различни и научниците не се сигурни што ги предизвикува. Понекогаш радио фреквенциите биле побавни, а понекогаш радио сигналот трепкал (бил испрекинат).

Сега, новите набљудувања даваат подобро објаснување. Бил Колс од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, заедно со своите колеги, го искористиле телескопот „Parkes“ како дел од проектот „Parkes Pulsar Timing Array“ кој внимателно ги мери сигналите од пулсарите. Забележале и побавни и трепкачки сигнали истовремено, што сугерира дека можеби потекнуваат од иста работа – насилно турбулентни облаци.

Постојат меѓуѕвездени облаци кои го исполнуваат растојанието помеѓу орбитата на Земјата и Сонцето, велат научниците. За да влијаат на радио сигналите на начинот на којшто влијаат, облаците мора да се исполнети со плазма што е најмалку 100 пати погуста од нормалниот меѓуѕвезден простор. Исто така, сигурно се многу жешки, па чудно е зошто досега не испариле.

Нешто мора да ги создава и ограничува, вели Џим Кордес од Универзитетот Корнел во Њујорк. Тој смета дека тие се создадени од вртлозите на шок бранови од супернова, коишто претставуваат компресирани региони на меѓуѕвезден гас. Компресијата ги зајакнува нивните магнетни полиња кои ја задржуваат плазмата внатре.

Бил Колс не се согласува со тоа и смета дека би можеле да се формираат од притисокот кој настанал кога два региони на прашина и гас се допреле при разминувањето, без да има никаква супернова.

Предложени биле и уште почудни теории, како на пример дека тоа се грутки од црна материја. Дополнителните податоци од телескопот, би требало да ги разјаснат работите.

Поддржете ја нашата работа: