Младите сепак свесни за приватноста на интернет

Се претпоставува дека младите повеќе споделуваат, поради тоа што не ги разбираат последиците од јавното изложување. Новите истражувања го тврдат обратното. Младите, повеќе од било која возрасна група, ги регулираат опциите за приватност.

Приватноста се однесува на способноста на поединецот да ги контролираат  личните информации кои се објавени, од  кого, кога и под кои околности. Претставуваме различни верзии на себе за различни публики и очекувањата и нормите на одредена публика или контекст детерминираат  кои лични информации ќе се објават, а кои не.

Фундаментален проблем со приватноста е тоа што групите, кои нормално се држат одделено како што  се пријателите, работодавците и семејството, се распадна од сајтовите  за социјално вмрежување во еден онлајн ентитет. Ова може да доведе до проблеми при одредени активности кои се соодветни во еден контекст и несоодветни во друг.  На пример, еден учител во средно училиште во САД беше принуден да поднесе оставка откако родител се пожалил за слика на Фејсбук на која држи чаша вино додека бил на одмор во Европа.

Тоа е секако доказ за растечката загриженост за приватноста на интернет. Но, што е со младите луѓе, конкретно? Дали тие навистина се грижат помалку за својата приватност на интернет од постарите корисници?

Постои недостаток на систематско истражување на однесувањето на различни старосни групи и приватноста на интернет. Авторите Џилијан Болсовер и Елизабет Дибоа, разгледувале  репрезентативни бази од Велика Британија, САД и Америка од 2013 година, со цел да испитаат дали младите се целосно спокојни во врска со својата приватност на интернет. Одговорот е, не.

Речиси 80% од младите на возраст од 14-17 години ги користат подесувањата  за приватност, додека кај оние на возраст од 65 и повеќе, изнесува 33% со тенденција на опаѓање. Оваа возрасна разлика останува значајна дури и по контролата на други демографски варијабли, како што се образованието, интернет вештините и времето поминато на интернет. Спротивно на постоечките мислења, се чини дека младите луѓе не се ниту апатични ниту неинформирани кога станува збор за заштита на нивната приватност на интернет.

 

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: