Морничаво подредување на галаксиите

Квазерите се галаксии со многу активни супермасивни црни дупки во средината. Овие црни дупки се опкружени со ротирачки дискови со екстремно врел материјал коj често го исфрлаат надвор во вид на млаз по должината на нивните оски на ротација. Квазерите можат да светат повеќе од сите ѕвезди заедно во галаксијата.

Истражувачите, предводени од Дејмиен Хатсемеркерс, од Универзитетот во Лиеж, Белгија, испитувале 93 квазери за кои се знае дека формираат огромни групации распространети преку милијарда светлосни години уште од времето кога Универзумот бил стар колку третина од денешната старост.

Првата необична работа што била забележана е тоа дека ротирачките оски од некои квазери биле усогласени една со друга и покрај тоа што ги делат милијарди светлосни години. Со понатамошно истражување, истражувачите утврдиле даке галаксиите не се рамномерно распоредени. Тие формираат космичка мрежа која се состои од низи и купчиња кои опкружуваат огромни празнини. Ваквото поредување на материјата е познато како „структура со големи размери

Новите резултати од „VLT“ покажуваат дека ротациските оски од квазерите имаат тенденција да бидт паралелни со „структурите со големи размери“ во кои тие се наоѓаат. Така, ако квазерите се во долга низа, тогаш вртењето на централните црни дупки ќе биде во насока на низите. Научниците сметаат дека можноста за ваквото подредување да е случајно е помала од 1%.

Корелацијата помеѓу ориентацијата на квазерите и структурите на кои тие припаѓаат оди во прилог на теоријата за нумеричкиот модел на потеклото на Универзумот. Овие податоци преставуваат прва опсервирана потврда на овој ефект, на размери многу поголеми од оние на нормалните галаксии, велат научниците.

Тимот не можел директно да ги набљудува ротациите на оските на квазерите, туку ја мерел поларизацијта на светлината од секој квазер и кај 19 од нив е утврден значителен поларизирачки сигнал. Правецот на оваа поларизација, во комбинција со други податоци, се користи за да се одреди аголот на зголемување на дискот, па оттука и насоката на ротација на квазерите.

„Податоците за ваквото поредување се знак дека можеби ни недостасува уште некој елемент во сегашните модели за Универзумот“, заклучуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: