Морски планктон најден на површината на вселенска станица

За време на изведувањето на експериментот на надворешната површина на Меѓународната вселенска станица, руските научници биле збунети од откритието, кое всушност претставува храна што ја јадат китовите.

Примероците земени од  рефлекторите и од површината на вселенската станица содржеле траги од планктони и други микроорганизми, па научниците се збунети како тие се нашле таму.

“Нејасно е како овие микроорганизми се нашле на површината на вселенската станица , со оглед на тоа дека тие не се карактеристични за Бајконур во Казахстан, од каде што вселенската станица е лансирана. Планктоните во оваа фаза од развој можат да се најдат на морската површина. Тоа значи дека се подигнати преку некоја воздушна маса и така успеале да  стигнат на површината на станицата“, вели шефот на руската вселенска мисија, Владимир Соловјев.

“Интересно е тоа што овие планктони и микроорганизми можат да живеат во вселената и покрај недостатокот на кислород, нула гравитацијата, екстремните температури и космичката радијација, па дури и да се развиваат. Се очекува истражувањето да продолжи” , додава Соловјев.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt