За прв пат, научниците го секвенционирале целиот геном на морските коњчиња при што откриле дека тие имаат повисока стапка на еволуција од било кој друг вид на коскени риби кои досега се проучени.
Оваа брза еволутивна стапка објаснува многу од најчудните карактеристики на морските коњчиња, вклучувајчи ја нивната цилиндрична муцка без заби, уникатна форма на телото, и фактот дека машкиот пол од морските коњчиња ја доживуваат бременоста, наместо женските.
„Откривме низа на промени во геномот, што помага да се објасни зошто морските коњчиња изгледаат така како што изгледаат“ – вели еден од тимот, Бајрапа Венкатеш од Агенцијата за научна технологија и истражување во Сингапур.
Венкатеш и неговиот тим го секвенционирале геномот на морското коњче од видот „Hippocampus comes“, загрозен вид од тропските региони на Западниот Централен Пацифик што може да порасне до 18,7 см во должина.
Откако го обележале целиот геном, тие започнале да ја составуваат еволутивната историја која ги одделила овие животни од останатите целокоскени риби, група што ја сочинуваат 96 проценти од сите риби на Земјата, вклучувајќи ги и највисоко еволуираните.
Всушност, можеби и не би помислиле дека и морските коњчиња спаѓаат во видот на риби, исто како што се и сомот, лососот и они кои ги имаме во домашните аквариуми, бидејќи не изгледаат како секој друг вид на риба на планетава.
Сега научниците ги посочиле генетските патишта кои довеле до поголемиот број на уникатни карактеристики, како што е губењето на забите и карличните перки, слабото сетило за мирис и способноста на машкиот пол да ги носи и раѓа своите мали.
Еден од главните причини за тоа е недостатокот на гените „SCPP богати со P/Q“ кои кај другите видови на целокоскени риби се одговорни за производството на глеѓ за формирање на забите.
Еволутивните притисоци кои потекнале од недостигот на заби може да објаснат како тие развиле долга, цилиндрична муцка кои тие ја користат за да цицаат мали залаци на храна, како на пример малите риби и планктони, и да ги проголтуваат цели.
Исто така, тие немаат карлични перки, со што имаат прекрасни горди гради, за што исстражувачите откриле дека причината е недостатокот на генот „tbx4“ кој е регулатор на развојот на екстремитетите кај рибите и слично и кај цицачите.
За да го тестираат ова, тие го исклучиле генот во ембрионот на една нормална риба од видот „zebrafish“ за да видат што ќе се случи.
„Ова резултираше со една мутант риба на која и недостигаа карличните перки- демонстрација на очекуваниот ефект од губењето на овој многу важен ген“ – изјавува еден од тимот, Аксел Мејер од Универзитетот во Констанц во Германија.
Геномот на морските коњчиња исто така покажува и видливо отсуство на гени поврзани со рецепторите за мирис, со што се објаснува тоа што тие повеќе зависат од своите очи за
движење во океанот, наместо од нивното чувство за мирис и вкус, како кај многуте други видови на риби.
Тимот успеал да идентификува само 26 гени за рецепторите за мирис во нивниот геном, што е најмалиот идентификуван репертоар во геномите кои се анализирани досега.
Но, во средината на сите овие генетски недостатоци, нивниот геном открил изобилство на генот „patristacin“ кој е поврзан со машката бременост, и содржи шест верзии од него.
Па како овие морски коњчиња завршиле со толку многу промени во својот генетски код кои ги прават различни од останатите риби на светот?
Тимот открил дека тие имале повисока стапка на неутрални мутации, генетски промени кои не се ниту корисни ниту пак штетни за опстанок, во нивната генетска историја отколку кај сите други видови на целокоскени риби, што укажува на тоа дека нивната ДНК може да се менува со побрзо темпо.
Причините за оваа висока молекуларна еволутивна стапка кај морските коњчиња се непознати.
Истражувањето е објавено „Nature“.