Може ли хибернацијата да ги спаси болните од рак?

Идуцирана состојба слична на хибернација кај болните од рак би им овозможила на лекарите дополнително време да најдат соодветна терапија.

Растот на туморите значително би се успорил, а можеби дури и целосно би запрел, додека здравите клетки би станале поотпорни на зрачење. За време на хибернацијата, основните телесни функции како работата на срцето, дишењето и метаболизмот се успоруваат, а истито се случува и на молекуларно ниво- активноста на гените и синтезата на протеини исто така се одвиваат многу поспоро.

Доколку оваа идеја заживее, на овој начин би можеле да се спасат и пациенти со рак ви терминална фаза. Половина од заболените од рак се во поодмината фаза од болеста која се карактеризира со метастази по целото тело и за таквите пациенти малку може да се направи.

„Невозможно е сите метастази да се лечат по хируршки пат или со зрачење.Поверојатно е на тој начин да го убиете пацентот, а не ракот. Но, ако се индуцира состојба слична на хибернација, би можеле да го стопираме растот на клетките од ракот“- изјавил физичарот Марко Дуранте од Институтот Тренто во Италија, на годинешната средба на Американската асоцијација за напредок на науката.

Во моментов невозможно е да се стави човек во хибернација под сигурни и контролирани услови, но Дуранте верува дека тоа би било возможно за 10 години. До сега научниците успеале да индуцираат хибернација кај стаорци преку манипулација на одреден  дел од мозокот. Сега кога е познато како функционира хибернацијата, научниците веруваат дека можат да развијат лек кој може да индуцира хибернавија со која температурата на телото би била спуштена на 13˚C-15˚C.

„Засега целта е да се постигне хибернација која би траела најмалку една недела, бидејќи тоа би ни овозможило подобро да се подготвиме за понатамошниот третман“-вели Дуранте.

Нормалната температура на телоте е 37˚C, но постојат бројни записи за луѓе кои преживеале многу пониски температури без никакви последици. Еден од нив е случајот со жена од Шведска- Ана Багенхолм, која паднала во дупка со лед каде била заробена повеќе од еден час.Нејзината температура  се спуштила на 13,7˚C, што е една од најниските температури што некогаш се измерени кај човек и освен привремено, лесно оштетување на нервите немала никакви други последици.

Друг случај е едно 13-месечно бебе, девојче од Канада, кое ја поминало ноќта надвор од домот само во пелени на температура од -24˚C. Кога било пронајдено, девојчето било клинички мртво, без отчукувања на срцето, но откако било загреано, бебето се вратило во претходната состојба не покажувајќи никакви последици. Нејзиниот доктор рекол дека била во состојба слична на хибернација.

„Ефектите од оваа метода на  тешко е да се предвидат.Можно е навистина да им помогне на пациентите, но може и да ја попречи терапијата. Потребно е да се направат уште експерименти за да може да бидеме сигурни дека хибернацијата е сигурна и ефикасна за лицата заболени од рак“ – вели Питер Џонсон, онколог од Центарот за истражување на ракот во Велика Британија.

Поддржете ја нашата работа: