Мозок од пчела управува дрон

Со дигитална реконструкција на мозокот на европската медоносна пчела, „Apis mellifera“, научниците во рамките на проектот „Geen Brain“, се надеваат дека еден ден ќе создадат автономен летечки робот кој ќе размислува, ќе чувствува и ќе се однесува како софистицираните пчели.

„Пчелите и другите инсекти се чуда на инженерингот и не сме ни близу до нивното копирање“, изјавува Џејмс Маршал од Универзитетот Шефилд. „Доколку би можеле да копирираме макар мал дел од нивните способности во еден роботски систем, тогаш ќе постигнеме огромен напредок“.

Пчелите имаат изненадувачки напредно когнитивно однесување, без разлика на тоа колку мали и прости делуваат нивните мозоци во споредба со оние на ’рбетниците.

Досега, тимот на истражувачи од Универзитетот Шефилд и Сасекс ги реконструирале деловите од мозокот кои им овозможуваат на пчелите да гледаат и мирисаат. Нивната компјутерска симулација успеале да ја прикачат на беспилотно возило. За да видат дали таа симулација на мозок од пчела може навистина да управува со возилото, ја вклучиле во дрон и навистина го направила тоа, без да се удри некаде. Со оглед на тоа што се очекува беспилотните летала да извршуваат разни опасни мисии, нивното ефикасно контролирање е од особено значење.

Неколку тимови на истражувачи во светот работат на роботи инспирирани од пчелите. Истражувачите од Харвар, на пример, дизајнираа робо-пчела која може да помогне во опрашувањето на полињата со разни култури – нешто што може да стане неопходно ако популацијата на пчели продолжи да се намалува.

Поддржете ја нашата работа: