Мозокот може да се “истренира“ да ги исклучи емоциите

Умерениот стрес го продолжува животот, ги подобрува мозочните функции и создава нови невролошки патишта. Кога ќе почувствувате бес, согледајте рационално од каде доаѓа. Така ќе се оттргнете од чувствата и ќе се смирите.

Луѓето не се толку разумни битија како што мислат дека се. Тоа е затоа што со нас најмногу управува десната страна на мозокот која е задолжена за емоциите и инстинкт, навeдува Филипа Пери, авторка на книгата “How to Stay Sane“.

Во втората година, десната страна на мозокот е повеќе активна од левата. Во десната страна на мозокот се развива човечката особина водена од влијанието и искуството на околината.

Личноста ги претставува луѓето на кои им верувате и емоционално се поврзувате, а таа се формира според социјалните искуства во раното детство. Левата страна на мозокот е задолжена за јазикот, логиката и се развива околу третата година. Дотогаш, десната страна на мозокот е веќе развиена и заради тоа многу потешко може да одлучува рационално и логички за емотивните работи.

Затоа, кога десната страна на мозокот ќе донесе одлука водена од емоциите, левата страна во ретроспектива ќе смисли логично објаснување за таквата одлука. Тој процес се нарекува пострационализација.

Сега веројатно ви е јасно зошто нашите одлуки не се секогаш потполно разумни и логични.

Иако луѓето не може да ги исклучат или вклучат своите емоции, многу е важно да се осознае што чувствуваме и кои сме ние во суштина.

Согледување на сопствените реакции и мисли помагаат при зачувување на здравиот разум. Помага полесно да се воочат причините за однесувањето кои предизвикуваат стрес или негативни емоции. А кога ќе ги воочите, може и да ги промените. Кога ќе почувствувате лутина или без поради нешто, наместо да се посветите на бесот, почнете да размислите од каде доаѓа тој бес и што го предизвикал. Така ќе успеете да се одвоите од емоциите и да согледувате разумно. Во ова може да помогне и водење дневник.

Секојдневно запишувајте ги своите чувства и мисли и така ќе увидите што најмногу се повторува. Штом ги увидите, полесно ќе ги промените. Можете да се обидете и со медитација. Дишете длабоко и сконцентрирајте се на дишењето. На почетокот ќе ви биде тешко да се исклучите од надворешниот свет, но со повеќе вежбање ќе ви стане рутина. Така ќе ја намалите и анксиозноста која ја чувствувате.

Луѓето се социјални битија и како би го задржале здравиот разум мора да ги одржуваат односите кои ги исполниваат, а многу често, поради претхосни искуства, луѓето однапред знаат да осудат или одбијат некоја личност, без притоа разумно да согледаат дали е тоа правилно. Поради тоа искуство, се создава проблем со доверба кон луѓето и однапред се очекува разочарување.

За да одржите здраво ниво на стрес, излезете малку од сигурната зона и дозволите да се соочите со стресот, наместо да го игнорирате. – посочува Филипа Пери.

Поддржете ја нашата работа: