Мозокот на бебињата се развива побрзо отколку што мислевме

Начинот на кој ги перцепираме лицата – користејќи ја десната хемисфера од мозокот, е уникатен и не одвојува од нечовечките примати. Порано, научниците сметале дека оваа способност се развива како што учиме да читаме, но новото истражување покажува дека кај бебињата на возраст од 4 месеци е веќе високо развиена.

Оштетувањето на десната хемисфера може да ја наруши нашата способност да ги распознаваме лицата, па затоа е многу важно да се разбере како таа се развила.

Истражувачите користеле капа опремена со електоди за да ја следат активноста на мозокот на 15 бебиња, кои седеле во скутот на мајката и гледале слики кои брзо се менувале една по друга во текот на 20 секунди. Им биле покажани 48 слики од лица и 200 слики од животни, растенија и предмети. Секоја слика била прикажана за само 166 милисекунди (истото време се користело и при истражувања на возрасни).

Во споредба со другите слики, оние со лицата предизвикувале одреден скок во стимулацијата на десната хемисфера. Разликата помеѓу десната и левата хемисфера уште повеќе била нагласена при истото истражување кај возрасните.

Луѓето далеку ги надминуваат компјутерските алгоритми во категоризирањето на природни визуелни слики. Лицето е толку чест и општествено важен стимул во човековиот развој што е едноставно идеален за проучување на тоа како се развила способноста за визуелно категоризирање на предметите.

Истражувањето е објавено во „eLife“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt